Страшна сообраќајка: Ова се 22 годишните Бојана и Јелена кои вчера загинаа во страшна трагедија (ФОТО)

 Бојана Ќириќ (22) и Јелена Радовановиќ (22) од Лазаревац трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец Билеќа – Требиње. Според неофицијални информации, до несреќата дошло по судир со камион.

Како што соопшти портпаролот на обвинителството во Требиње, Срѓан Вукановиќ, автомобилот марка „Пежо“ со кој патувале девојките најпрво удрил во земјен насип покрај патот, по што прешол на спротивната коловозна лента и директно се судрил со камион.

Една од нивните пријателки изјавила дека девојките биле на пат кон морскиот брег.