20 возила со албански знамиња организирано, едно по друго, ја поминаа патарината на автопатот Гостивар–Скопје без да платат. Колоната се движеше со вклучени трепкачи.
Првото возило накратко застанало, по што сите останати продолжиле да поминуваат непречено, без застанување или плаќање. Засега не е познато дали се работи за претходен договор, службена одлука или евентуален пропуст во системот на наплата.
Од надлежните институции сè уште нема официјални информации за случајот. Настанот предизвика внимание и реакции кај јавноста, особено на социјалните мрежи, каде граѓаните бараат појаснување и евентуална одговорност доколку постои неправилност.