Почина 17 годишниот Мартин кој дигна рака на себе откако девојката му раскинала

 Емотивна трагедија го прекина животот на 17-годишниот Мартин, ученик во средното стручно училиште „Проф. д-р Асен Златаров“ во бугарскиот град Видин.

Младиот ученик, кој според локалните медиуми бил во трета година, доживеал тежок емоционален слом на 8 мај, поради раскинување со неговата девојка. Роднините раскажуваат дека разделбата длабоко го погодила и тој не можел да се избори со болката.

Во момент на очај, Мартин си го одзел животот со гасен пиштол. Бил пронајден во критична состојба од страна на семејството, по што веднаш бил хоспитализиран во Видин, а потоа префрлен во болница во Софија.

Лекарите повеќе од еден месец се бореле за неговиот живот, но и покрај сите напори, Мартин останал во кома и неодамна им подлегнал на повредите, јавува „Блицњуз“.

Погребот се одржа во неговото родно место Дунавци, каде што роднините, пријателите, соучениците и професорите со солзи и неверување се простија од момчето кое го паметат како мирно, скромно и добронамерно.