Трагедија во Грција: 13 годишно дете почина на плажа

 Тринаесетгодишно дете го загуби животот вчера на плажа во Аликес во областа Пиерија.

Според информациите од крајбрежната стража, момчето влегло во морето, но набргу потоа му се слошило и ја изгубило свеста.

На местото веднаш реагирал лекар кој се обидел да му укаже прва помош, по што детето било пренесено со возило на итната медицинска служба ЕКАБ до Општата болница во Катерини. За жал, таму била констатирана неговата смрт.