Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

 Српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на престојот во Обединетите Арапски Емирати, денеска најави дека во средината на септември ќе се одржи голема воена парада во Белград.

„Во септември ќе имаме голема воена парада во Србија. Ќе прикажеме бројни средства кои сме ги набавиле, произвеле и успешно ги воведовме во употреба во рамки на српските вооружени сили“, изјави Вучиќ, пренесуваат белградските медиуми.

Тој додаде дека настанот ќе биде досега невиден во регионот: „Тоа ќе биде нешто што луѓето во овој дел од Европа досега немале можност да го видат.“