На 07.06.2025 во 03:50 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ѓ.С. (18), Т.Д. (19), Л.Т. (19), М.У. (19), О.М.Р. (19) и Ј.К. (19), сите од Скопје, поради нарушување на јавниот ред и мир со агресивно однесување. Т.Д. и М.У. се однесувале агресивно и кон полициските службеници додека извршувале службени задачи. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.