Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

 Рускиот претседател Владимир Путин потпиша нов закон кој забранува продажба на енергетски пијалоци на малолетници, а за прекршување на оваа забрана се предвидуваат високи парични казни.

Според законот, лицата кои ќе ги прекршат правилата за продажба на безалкохолни енергетски пијалаци на деца ќе се соочат со казни до 500.000 рубли (околу 5.500 евра) за физички и правни лица, додека службените лица можат да бидат казнети со сума до 200.000 рубли (приближно 2.200 евра).

Претседателот на руската дума, Вјачеслав Володин, изјави дека овој закон претставува дел од пошироката законодавна стратегија насочена кон заштита на здравјето на младата популација.