Крвава тепачка во Карпош: Малолетник прободен со нож

 Утрово во близина на хотелот „Карпош“ дошло до конфликт меѓу две групи малолетници, при што едно лице било повредено со остар предмет. Според информации од Министерството за внатрешни работи, расправијата започнала вербално, но за кратко време прераснала во физичка пресметка.

Од Градската општа болница „8 Септември“ информираат дека кај нив бил примен ученик од Средното училиште за дуално образование „Ѓорги Димитров“ со убодна повреда, здобиена во угостителски објект лоциран во општина Карпош.

Случајот е под истрага од страна на полицијата, која работи на целосно расветлување на околностите. Состојбата на повредениот ученик е стабилна, а повеќе информации се очекуваат по завршување на истражните дејства.