Тешка сообраќајка попладнево во Скопје

 Попладнево во скопската населба Автокоманда се случила сериозна сообраќајна несреќа.

Во инцидентот биле вклучени пет патнички возила, а според неофицијални извори, има и повредени лица.

Се очекуваат дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи.