Драма на автопатот кон Велес: Возило излета од патот – возачот е тешко повреден!

 На 1 јуни 2025 година, околу 06:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, на местото познато како „Ветерско“, патничко возило од марката „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот.

Возилото го управувал 39-годишниот М.В. од Скопје, кој при несреќата се здобил со сериозни телесни повреди. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес.

Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата за утврдување на причините за излетувањето.