Драма во Грција: Србин спасил Македонец од давење

 

 Вистинска драма се случила на една плажа во Грција кога скопјанец започнал да се дави во морето. За среќа, млад човек од Србија кој бил во близина веднаш реагирал, скокнал во водата и го извлекол на безбедно.

Информацијата беше објавена на Фејсбук страницата „Грција Инфо“, каде се наведува дека брачна двојка влегла во морето држејќи се за раце. Сопругата била пливач, додека сопругот не знаел да плива. Се оддалечиле околу 50 метри од брегот, каде водата била до половина, кога одеднаш се слушнал крик за помош. Девојка која се наоѓала во нивна близина почнала гласно да повикува за помош.Во тој момент, еден млад човек од Србија, кој бил на плажата, скокнал од лежалката и без размислување се стрчал кон водата за да помогне. Успеал да го извлече човекот од водата и да го изнесе на брегот!

 На плажата се нашла и една девојка докторка по професија која исто така била меѓу капачите, веднаш започнала со реанимација.

По кратко време, човекот почнал да покажува знаци на живот. Брзата помош пристигнала навреме и го транспортирала во болница. Благодарение на храброста на младиот спасител и стручната и навремена интервенција на докторката, животот на човекот бил спасен.