ТАЖНА ВЕСТ: Почина синот на позната македонска пејачка

 Во четвртокот, во салата „Ванчо Чавдарски“ се одржа првото издание на фестивалот на новокомпонирани народни песни „Фолк фест Владимирово“, во организација на Културниот центар „Горан Алачки“. Публиката имаше можност да чуе 12 композиции, а на сцената настапија некои од најпознатите имиња на македонската фолк сцена. Настанот беше пренесуван во живо на МРТ1.

Една од најемотивните сцени на вечерта беше отсуството на Виданка Георгиевска, која требаше да ја изведе песната „Наша Македонија“. Водителката Ели Танаскова соопшти дека Георгиевска нема да настапи, по што сите изведувачи се приклучија на заедничка изведба на нејзината песна во чест на неа.

Според информации од нејзини колеги, пејачката не присуствувала поради трагедија, починал нејзиниот син. Настанот заврши во солзи и аплаузи, откако сите интерпретатори – меѓу кои Драган Мијалковски, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Ванчо Тарабунов, Перо Христов, Нино Величковски, како и Зуица Лазова, Жаклина Узунова и Ленче Кукиќ, заеднички ја отпеаја песната.

Виданка Георгиевска, која има 77 години, е присутна на македонската музичка сцена од шеесеттите години и зад себе има богата дискографија. Нејзините песни како „Кирјана вино продава“, „Многу мерак имам бабо“ и „Јоване море Јоване“ одамна се прифатени како дел од народното музичко наследство.