Трагична сообраќајка во Македонија: Едно лице загина, 3 деца се повредени

 Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 15:30 часот на автопатот Гостивар–Тетово, при што една жена го загуби животот, а шест лица се здобија со повреди.

Според информациите од СВР Тетово, патничко возило со тетовски регистерски ознаки, управувано од 22-годишниот Ј.С. од село Пирок, излетало од коловозот. Од последиците на несреќата, на самото место починала 33-годишната сопатничка Ѓ.А. од село Боговиње. Смртта ја констатирала екипа од Итна медицинска помош.

Возачот и останатите сопатници – В.Р. (28) од Боговиње, Ј.О. (21) од Пирок, А.М. (10) од Палатица, А.М. (6) од Боговиње и А.Р. (15) од Долно Палчиште – се хоспитализирани во Ургентниот центар во Тетово со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршија екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, со цел да се утврдат причините за несреќата.