ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Најден е тефтерот на Дејан Јованов – Деко и на кого сè му плаќал мито!

 Во емисијата „24 анализа“, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е пронајден тефтер во сопственост на Дејан Јованов – Деко, во кој се евидентирани лица на кои им биле давани поткупи.

„Веќе првиот ден, осомничениот беше сослушан по однос на оваа околност и притоа даде значајни и релевантни информации за начинот на кој ги обезбедувал лиценците. Тоа прашање дополнително ќе се расчисти, но веќе сега располагаме со сите потребни елементи за утврдување на неговата одговорност. За сите лица кои ги посочи, како и за нивните постапки, постапувавме во текот на истрагата и утврдивме одредени факти, за кои јавноста ќе биде информирана со подигањето на обвинението. Располагаме со материјални докази, експертизи, како и вештачења од Финансиската полиција, кои укажуваат на состојба што оди во прилог на обвинителството“, изјави Коцевски.