ВИДЕО: Пукање во Штип, едно лице е убиено - по што следеше и бркотница со полицијата на автопат

 Во кафуле во Штип вечерва се случи вооружен инцидент кога засега непознато лице пукало со пиштол и тешко ранило едно лице. По нападот, напаѓачот побегнал од местото, а снимките од безбедносните камери ја покажуваат драмата во која гостите во паника се разбегуваат, додека повредениот добива прва помош од присутните.

Полицијата брзо реагирала и започнала потера по осомничениот, за кого, според неофицијални извори, се верува дека е државјанин на Турција. Неговиот автомобил бил забележан на патарината кај Миладиновци, но наместо да запре на полициските сигнали, тој продолжил со голема брзина, пробивајќи ја патарината.

Снимките од потерата покажуваат вклучени полициски сирени и повици „Стој, стој“, но бегалецот успеал да им избега. Познато е дека возилото со кое се движел е марка „БМВ“. Полицијата работи на расветлување на случајот и интензивно го бара сторителот.

Линк од првото видео

Линк од второто видео