Знаме на УЧК се вее во службено возило на државна институција

 Во службено возило на Центарот за јавно здравје е забележано знаме на УЧК. Ова предизвика бурни реакции, особено бидејќи возилото е во сопственост на државна институција, а со установата раководи директорка која е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста бара одговорност и објаснување за тоа како е можно симболика од ваков карактер да се најде во службено возило, финансирано од буџетски средства. Од институцијата засега нема официјална реакција.

Настанот отвора сериозни прашања за контролата, одговорноста и почитувањето на државните институции и симболи.