НАЈНОВА ВЕСТ: Публиката итно е евакуирана, дојава за бомба во СЦ ,,Јане Сандански"

 Вистинска драма се одвиваше вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје, каде само десет минути пред почетокот на концертот на српската ѕвезда Пеѓа Јовановиќ, пристигнала дојава за поставена бомба.

Публиката, која беше во салта итно беше евакуирана, а на терен веднаш пристигнаа полициски екипи и антитерористичка единица со службени кучиња кои вршат детална проверка на просториите.

Според првичните информации, засега нема потврда дали станува збор за вистинска закана или лажна дојава, но атмосферата пред салата е напната, додека стотици фанови во неизвесност чекаат развој на ситуацијата.