Се запали воз во движење на релација Скопје - Гевгелија

 Вчера, околу 20:20, избувнал пожар во локомотива од патнички воз кој сообраќал на линијата Скопје – Гевгелија, на делницата помеѓу железничките станици Миравци и Смоквица, информираа од МВР.

Интервенирала територијалната противпожарна единица, која успешно го локализирала и изгаснала пожарот. За среќа, нема повредени лица.