НАЈНОВА ВЕСТ: Маж со нож се закануваше на минувачи на Широк Сокак во Битола

 Денеска попладне маж со нож се шеташе и се закануваше на минувачите по Широк Сокак во Битола, предизвикувајќи паника меѓу граѓаните. Полицијата веднаш излезе на терен и го уапси лицето. 

 Од МВР потврдија дека напаѓачот е приведен и против него ќе бидат преземени соодветни мерки. За среќа, нема повредени лица.

Линк од видео