Пешак е прегазен во Струмица - со тешки повреди е пренесен во болница

 Рано утрово во Струмица се случи сообраќајна несреќа во која пешак беше сериозно повреден откако во него удри патничко возило. Инцидентот се случил околу 04:50 часот во близина на Кванташкиот пазар, кога автомобил марка „Фиат Добло“ со струмички регистарски таблички, управуван од лице со иницијали А.М., го прегазил пешакот Г.К.

Повредениот е пренесен во Општата болница во Струмица, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Струмичката полиција извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расветлување на случајот.