Мицкоски: Додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинства, нема да има и Бугари во македонскиот Устав
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повика на заедничко лобирање со опозицијата пред европратениците за поддршка на извештајот за земјава, во кој првпат се признава македонскиот јазик и идентитет како засебни и многувековни.
Во однос на уставните измени, тој истакна дека Владата нема да отстапи ниту милиметар додека во бугарскиот Комитет за малцинства не биде вклучен и Македонец.
„Ова е првпат Европскиот парламент да гласа за документ што го признава македонскиот идентитет. Опозицијата треба да помогне во лобирањето“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека уставните измени се обврска преземена од претходната влада со прифаќањето на Францускиот предлог, но сегашната влада работи на стратегија што нема да дозволи нови услови од Бугарија.