Пред само неколку минути, во тетовската населба Теќе, на улицата 111, се случи вооружен инцидент. Според првичните информации, непознато лице, движeјќи се со мотоцикл, испукало неколку куршуми, јавува Алсат.
Настанот е продолжение на нерасчистените смети и убиството што се случи во истиот дел од градот пред точно една година.
Полицијата веќе постапува на терен и врши увид. Засега не се објавени официјални детали за можни жртви или повредени, а се очекува наскоро официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи.