Нови правила за патарините низ Македонија: Попусти за возачите

 

Владата донесе нови измени за електронско плаќање патарини, со цел да се забрза сообраќајот, да се намали чекањето на наплатните станици и да се поттикне користење на бесконтактни методи.

Според информациите за „Блумберг Адрија“, мерките имаат за цел и да ја подобрат безбедноста и да ги намалат злоупотребите, со намалување на човечкиот фактор во наплатата.

Измени:

  • Минималното дополнување на смарт-картички се зголемува од 300 на 500 денари.

  • Цената на МТАГ уредот се намалува од 1.200 на 1.000 денари.

  • Минималното дополнување за МТАГ се зголемува на 1.000 денари (претходно 300).

  • Корисниците на смарт-картички добиваат 2% попуст при секое плаќање.

  • Корисниците на МТАГ добиваат 3% попуст автоматски при поминување.

  • Рокот за плаќање на издадени казни се продолжува од 24 на 48 часа.

  • МТАГ уредите ќе бидат подостапни преку поширока мрежа на дистрибутери и продажни места.

Со овие мерки, се очекува зголемување на бројот на електронски плаќања, поефикасен сообраќај и подобро искуство за граѓаните, особено во периодите со густ сообраќај.