Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината кај Македонска каменица

 На 09.05.2025 година, околу 09:45 часот, во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманското езеро е пронајдено безживотното тело на Д.А. (58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена за исчезната.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. На местото бил извршен увид од екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавниот обвинител, телото било предадено на семејството.