Ивана Ковачевиќ, сопруга на Душан Ковачевиќ – креаторот на фестивалот „Егзит“, почина на 45-годишна возраст по борба со тешка болест. Веста за нејзината смрт утринава ја соопшти нејзиното семејство преку објава на социјалните мрежи.
„Со длабока тага ве известуваме дека нашата Ивана утрово во 05:00 часот ја напушти земјата. Таа беше симбол на љубов и светлина – и таква останува засекогаш“, стои во објавата.
Душан Ковачевиќ ѝ се прости со емотивни зборови: „Те чувствувам тука, жива, светла, и додека танцуваш со ангелите, ти ветувам дека ќе ги водам нашите деца низ животот со љубовта што ја споделувавме.“

Ивана боледуваше од минатата година, а за време на нејзината борба доби поддршка од голем број познати музички имиња како Carl Cox, Nina Kraviz и Black Eyed Peas. Неодамна семејството побара молитви од јавноста за нејзино оздравување.
Фестивалот „Егзит“, основан во 2000 година, израсна во еден од најголемите музички настани во Европа и годинава ќе се одржи од 10 до 13 јули.
