Актуелната претседателка на Комисијата за спречување на корупција, Татјана Димитровска, попладнево е приведена како дел од акцијата „Адитив“.

Информацијата е потврдена од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал. Димитровска е спроведена пред судија за претходна постапка, а се очекува Обвинителството да побара определување мерка притвор.
