НАЈНОВА ВЕСТ: Снимена кражба во манастир во Кривогаштани (ВИДЕО)

 На 23 април, околу три часот по полноќ, бил ограбен манастирот „Свето Успение на Пресвета Богородица“, лоциран во атарот на селото Обршани, Општина Кривогаштани. Веста ја соопшти црковниот одбор преку социјалните мрежи.

Според објавената видео-снимка, едно лице со качулка и ракавици е забележано како отвора фиока од биро, ја зема и бега од местото на настанот. Обвинетиот носел облека што го сокрива идентитетот и не оставил видливи траги.

Случајот е пријавен во полиција и во тек е истрага.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО