ТРАГЕДИЈА ВО КИЧЕВО: Три лица загинаа, а шест се повредени



  Вечерва околу 20:55 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на делницата помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија три лица.

Според информациите од портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, во несреќата учествувале три возила. Три лица починале на лице место како резултат на здобиените повреди, додека шест други лица се итно пренесени во болницата во Кичево за укажување лекарска помош.

Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е целосно во прекин во двата насока и за сите видови возила.

Надлежните служби се на терен и работат на целосно расчистување на местото на несреќата и утврдување на причините за трагичниот настан.