Фуркан Салиу: Вие лошо паркирана кола не смеете да кренете, а секој ден ми зборувате за неселктивност!

 Новинарот Фуркан Салиу на социјалните мрежи со иронија ја коментираше изјавата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со одговорноста за трагедијата во Кочани. Во неговиот пост, Салиу алудира дека власта секојдневно зборува за принципот на неселективност, но во пракса не успева да спроведе ни елементарни мерки – како на пример да санкционира непрописно паркирани возила.

„Абе и брат да ми е, ќе одговара! Хахахаха!“ – напиша Салиу, алудирајќи на изјавите на Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски, кои тврдат дека секој што е виновен ќе сноси последици.

Оваа негова реакција доби голем број коментари, граѓаните го поддржаа ставот дека селективноста во спроведувањето на законите сè уште е проблем во земјата.