На 31 јануари 2026 година, околу 14 часот, во СВР Скопје бил пријавен инцидент со физичка пресметка во угостителски објект лоциран во трговски центар на подрачјето на Гази Баба.
Според пријавата, 43-годишниот Ч.З. од Турција, со привремен престој во Скопје и вработен во ресторанот, бил физички нападнат од негов поранешен колега, А.Н. (37) од Скопје. Инцидентот се случил на работното место, по што оштетениот случајот го пријавил во полиција.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава против инволвираните лица.