Километарски колони на Богородица и Табановце се чека и по три часа за влез


 На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу три часа. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.