Газда на „Поршето“ во Дебар маало е ексамбасадорот Срѓан Керим

 Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи и амбасадор на Македонија во ОН и Германија, е сопственик на автомобилот „Порше“, кој беше паркиран во Дебар маало. Според информациите од МВР, токму тој го управувал возилото, бидејќи на негово име, со иницијали С.К., бил издаден платен налог.

При обид да се добие негов коментар, Керим не одговори на телефонскиот повик, но испрати порака со барање комуникацијата да продолжи писмено. Во поставените прашања се бараше објаснување зошто полицаецот морал да влезе во кафеаната каде што бил присутен за да може да постапи согласно законот, како и дали ваквиот начин на паркирање и однесување кон полицијата е вообичаен и на меѓународно ниво, со оглед на неговата дипломатска кариера.

Керим не даде директен одговор на овие прашања, но во писмена изјава кратко истакна дека „нема потреба од никакви коментари“ и дека „постапено е според позитивните прописи што важат во вакви случаи“.