Страшна тепачка пред маркет во Кисела Вода

 Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 19-годишно лице осомничено за кривично дело насилство.

Според Обвинителството, инцидентот се случил на 21 април, околу 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода. Осомничениот, заедно со неколку други лица, физички нападнал две лица, нанесувајќи им телесни и тешки повреди, користејќи тврди предмети – меѓу кои и бекатон плочки. Нападот се одвивал пред 10-годишно дете, кое претрпело силен страв и чувство на загрозеност.

За да се овозможи непречена истрага, јавниот обвинител предложил мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, редовно јавување во суд, привремено одземање на патната исправа и забрана за контакт со оштетените.