Почина познат лик од скопските улици кој имаше потресна животна приказна

 Скопје, 24 април 2025 – По кратко боледување, на 60-годишна возраст почина Хасан Аметовски – Хари, познат лик од скопските улици и еден од учесниците во документарниот филм „Од раскош до бездомништво, од семејство до улица – сурови животни приказни“ во продукција на „Претрес“ со Кристијан Ландов.

Хари беше штитеник на пунктот за бездомници во Момин Поток и не се срамеше да зборува отворено за својот пад – од живот исполнет со семејство и стабилност, до бездомништво предизвикано од пороците.

– Почина Хари. Познато лице од скопските улици. Никогаш не бегаше од вистината – отворено зборуваше кој е и како го изгубил сѐ. Алкохолот и коцката си го земале својот данок. Секогаш беше расположен за разговор, да си ја раскаже болката. Остави зад себе порака – како не треба да се живее. Нека почива во мир – напиша новинарот Ландов на социјалните мрежи.

Животната приказна на Хари е сведоштво за суровата реалност на маргините од општеството и може да се погледне во документарецот на следниот линк: