Попладнево во скопската населба Аеродром се случи тешка сообраќајна несреќа, при што едно од возилата заврши превртено на кров. Министерството за внатрешни работи го потврди инцидентот и информира дека едно лице е повредено и веднаш пренесено во болница.

Според официјалните податоци, на 15 април 2025 година во 18:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Јане Сандански” се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила: „Киа“ со скопски регистарски таблички, управувана од 41-годишниот В.Ш. од Скопје, и „Ауди“ исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Ф.Т., исто така од Скопје.

Возачот на „Киа“-та, В.Ш., бил повреден и пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му е укажана медицинска помош.
Увидот на местото на несреќата е во тек веќе два часа, а возилата сè уште не се отстранети од коловозот. Ги повикуваме возачите на зголемена претпазливост доколку се движат низ овој дел од градот.