Отец предупредува: Исфрлете го овој симбол од домот за Велигден, нема никаква врска со христијанството
Во последните години, сè почесто го гледаме „Велигденското зајаче“ како дел од велигденската прослава, дури и на нашите простори. Меѓутоа, отец Предраг Поповиќ преку својот Инстаграм профил укажува дека ваквиот симбол нема никаква врска со суштината на празникот – Воскресението на Исус Христос.
Тој потенцира дека единствениот вистински симбол на Велигден е самото Воскресение и додава дека појавата на зајаци како дел од велигденските украси претставува навреда и омаловажување на Христовата жртва и љубов.
„Немам ништо против зајаците, тие се прекрасни суштества“, пишува отецот. Според него, зајаците се симболи на плодноста во разни митологии, и токму поради тоа се протнати во велигденската традиција преку западно влијание кое, како што вели, незабележливо го заменува христијанскиот симболизам.
Отец Поповиќ повикува верниците да ги отстранат зајаците од велигденските украси, бидејќи тие го одвлекуваат вниманието од вистинската суштина на празникот. Како алтернатива, тој го посочува Белиот Ангел – ликот од познатата фреска што покажува кон празниот Христов гроб – како вистинскиот симбол на Воскресението.
„Не е проблем што зајаците се слатки, туку што преку нив се поддржува потрошувачката култура, се фрлаат пари и се губи вистинското значење на Велигден“, истакнува Поповиќ.