На 21 март 2025 година, во 16:00 часот, во СВР Скопје, Љ.З. (25) од селото Ласкарци пријавил дека додека се движел со своето возило по скопската обиколница, во близина на клучката Стајковци, бил пресретнат и запрен од друго возило. Возачот на тоа возило го нападнал со остар предмет, нанесувајќи му повреди.
Полицијата работи на расветлување на случајот.