Виктор Јорданов е еден од трагично загинатите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Додека пламените јазици го проголтувале импровизираниот објект, тој не побегнал како другите, туку останал внатре, обидувајќи се да го изгаси пожарот.
На социјалните мрежи кружи видео од неговиот херојски чин, проследено со зборовите:
„Замина херојски – ова е Виктор Јорданов, човекот кој, додека сите се бореле за спас, гаснел пожарот и останал меѓу последните во објектот, спасувајќи многу животи.“