Влада: Сите вработени во Кочани за време на погребот утре да бидат ослободени од работа

 Владата донесе одлука сите државни институции да ги ослободат вработените во Кочани на денот на погребот на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Исто така, им препорача на локалната самоуправа и приватниот сектор да постапат на ист начин.

Во заклучоците од владината седница се наведува дека здравствените установи, образовните институции и градинките треба да продолжат со работа според потребите на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи е задолжено да преземе соодветни безбедносни и сообраќајни мерки. За медиумите е подготвен протокол, според кој тие треба да останат на растојание од 300 метри од капелата, со цел да се заштити приватноста на семејствата и да се овозможи безбедно следење на погребот.