МОЖЕЛО ЦЕЛО КОЧАНИ ДА СЕ РАЗНЕСЕ: Нелегален склад за гориво пронајден во близина на дискотеката „Пулс“


 Според извештаите на српскиот портал Информер, кој има свои новинари на терен во Кочани, откриено е дека сопственикот на дискотеката „Пулс“ поседувал и нелегален склад за гориво. Овој складишен простор бил лоциран на само 50 метри од дискотеката.

Локалните жители ги упатиле новинарите кон местото каде што, според нивните тврдења, во земјата бил затрупан резервоар со околу 10 тони нафта.

Иако македонските институции не ја потврдуваа оваа информација, Јавното обвинителство соопшти дека при увидот е потврдено присуството на нелегален склад за гориво во непосредна близина на дискотеката.

„Сите околности се истражуваат детално“, информираа од ОЈО.

Понатамошните наоди покажале дека во близина на дискотеката, освен складиштето, постоела и нелегална бензинска пумпа, која, за среќа, не експлодирала за време на пожарот.