НАЈНОВА ВЕСТ: Уште еден шофер на Брзата помош во Кочани денес доживеа удар


 Тага, болка, шок и неверување – така изгледаше денешниот ден во Кочани по трагичниот настан што се случи во неделата.

За жал, ден по несреќата, почина 41-годишниот возач на Брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски.

Денес, градот се соочи со уште еден потресен момент – уште еден млад возач на Брзата помош доживеал удар, мозочен или срцев. За среќа, тој преживеал и е хоспитализиран.

Медицинските работници во кочанската болница – возачите, медицинските сестри, болничарите и докторите – се исцрпени до крајни граници, и физички и психички.