Уапсен болничар од Штип: Она што го правел на работното место ја згрози цела Македонија

 Полицијата во Штип приведе 60-годишен болничар под сомнение за недолично однесување кон малолетничка.

Според информациите, инцидентот се случил на 24 март 2025 година во Клиничката болница во Штип, каде што осомничениот Т.Ј., вработен како болничар, наводно допирал малолетничка од Радовиш, која била на пракса во установата.

Тој е приведен и задржан во полициска станица, а случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител. По завршување на истрагата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.