СКАНДАЛ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА: Криминалците на Филипче поради провизии и бизниси го труеле народот со канцерогениот мазут!
По неколку месеци истражна постапка, која беше покрената од Државната комисија за спречување на корупцијата, а водена од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран криминал при МВР, беше спроведена полициска акција. Оваа операција, која се одвиваше под надзор на јавен обвинител, резултираше со апсење на 11 лица на неколку локации во Скопје, Велес и Кичево.
Врз основа на кривична пријава од МВР, обвинителството започна истрага против 13 физички и едно правно лице. Се сомнева дека десет од нив учествувале како соизвршители или помагачи во злоупотреба на постапка за јавни набавки и договори за јавно-приватно партнерство. Покрај тоа, две лица и едно правно лице се сомничат и за перење пари, додека уште едно лице е обвинето само за ова дело.
Според истражните наоди, во периодот од 2021 до 2023 година, двајца осомничени, кои биле основачи и управители на едно од инволвираните правни лица, свесно поднеле лажни документи во постапката за јавен повик за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Тие не ги исполниле договорните обврски и на тој начин оствариле финансиска корист на сметка на државниот буџет, со вкупна штета проценета на околу 167,5 милиони евра.
Во оваа шема им помагале вработени во АД ЕСМ – Скопје, кои заземаат високи позиции, меѓу кои генерални директори, сектори директори и членови на комисии за јавни набавки. Тие, иако биле свесни дека фирмата не ги исполнува критериумите, ѝ овозможиле да добие договори и да испорачува мазут сè до февруари 2023 година.
Нелегално стекнатите пари биле префрлани, менувани и пуштани во промет за да се прикрие нивниот извор. Осомничените купиле луксузни автомобили, префрлиле средства на банкарски сметки и ги повлекувале во готовина. Покрај тоа, врз основа на договор за посредување, биле префрлени 72 милиони денари за фиктивни услуги, а добиените средства подоцна биле трансферирани како „позајмица“ за друго правно лице.
Земајќи ги предвид сериозноста на случајот, обвинителството побара притвор за пет осомничени, од кои еден сè уште не е лоциран. Дополнително, едно лице веќе е во притвор како дел од случајот „Адитив“, а за останатите се предложени мерки за обезбедување присуство.