На социјалните мрежи се појави нова снимка од трагичниот момент во дискотеката „Пулс“, на која се гледа како посетителите го напуштаат локалот.
На видеото може да се забележи дека дел од луѓето кои први излегуваат се движат прилично бавно, и покрај сериозноста на ситуацијата.
Во исто време, обезбедувањето и полицијата се обидуваат да воспостават ред, додека во позадина се слуша: „Бегајте побрзо!“.