Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, донесе одлука за неколку разрешувања во полицијата по несреќата во Кочани.
Според првичните информации, од функциите се отстранети:
- Началникот на Секторот за внатрешни работи – Штип
- Помошникот на началникот на СВР Штип
- Началникот на Одделението за полиција – Штип
- Началникот на Одделението за криминалистичка полиција – Штип
- Началникот на Одделението за внатрешни работи – Кочани
- Командирот на Полициската станица од општа надлежност – Кочани
- Началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кочани
Министерството за внатрешни работи најави дека во текот на денот ќе сподели повеќе детали на прес-конференција.