Отркиена филмска измама тешка 3,5 милиони евра во Македонија

 Финансиската полиција поднесе кривична пријава до штипското обвинителство против три физички лица и една компанија, поради сомнение за измама и фалсификување документи. Според истрагата, преку лажни потврди за откуп на стари акумулатори, на една фирма ѝ е нанесена финансиска штета во висина од околу 3,5 милиони евра.

Осомничените – вработен во оштетената компанија, директор и вработен во отпад за стари акумулатори, како и самата компанија – креирале лажни фактури за купување на акумулатори, иако во реалноста не се вршело никакво купување ниту испорака. На тој начин, оштетената фирма вршела исплати врз основа на овие измамнички фактури, што довело до финансиска загуба од 214 милиони денари.

Финансиската полиција објасни дека првопријавениот и третопријавениот ги изготвувале и употребувале фалсификувани документи, додека второпријавениот, како вработен во оштетената фирма, ги потпишувал и одобрувал исплатите, иако знаел дека стоката не е испорачана. Овој механизам им овозможил на сторителите незаконски да се стекнат со значителна материјална корист.