Над 20 граѓани кои учествувале на вчерашните протести во Кочани, кои прераснаа во немири, денеска се повикани на информативен разговор во полициската станица.
Според сведоштвата, локалните полициски службеници им укажале на граѓаните дека нивното повикување е резултат на наредба „од горе“, односно од Скопје и Министерството за внатрешни работи.
Дополнително, се наведува дека во моментов локалната полиција има ограничени ингеренции, а безбедноста на протестите што се најавени за денес ја преземаат полициски тимови од различни делови на Македонија. Неофицијално, во Кочани веќе се пристигнати дополнителни полициски сили.
Меѓу клучните прашања што им биле поставувани на повиканите граѓани е кој стои зад организацијата на вчерашниот протест, како и на најавените собири за денес и во наредните денови.
Инаку, денеска во 18:00 часот низ повеќе градови во Македонија се организираат протести на плоштадите.