На 16 април, Црвена Звезда ќе гостува во Скопје за да одигра пријателски натпревар со Вардар, кој ќе биде од хуманитарен карактер.
Овој натпревар се организира како знак на поддршка и солидарност со семејствата на настраданите во катастрофалниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Целокупниот приход од продажбата на влезниците ќе биде дониран на семејствата на жртвите, како и за помош на повредените.
Настанот е резултат на иницијативата на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, кој во договор со раководството на Црвена звезда и Вардар успеа да го организира овој натпревар со благородна цел. Очекувањата се дека голем број навивачи ќе го поддржат овој гест на солидарност и ќе помогнат на оние кои се најпогодени од трагедијата.