ТАЖНO: Почина младиот Македонец кој се бореше со злобната болест, зад себе остави две мали деца

 Почина Наце Ристов, момчето чија несебична борба, храброст и позитивен дух ја обединија цела Македонија. Неговата сила, верба и насмевка ќе останат вечно во срцата на сите што го познаваа и поддржуваа.


Веста за неговото прерано заминување ја споделија неговите најблиски преку социјалните мрежи.

Ристов остави зад себе сопруга и две мали деца, оставајќи огромна празнина во нивните животи.

Со месеци се бореше со високо агресивен облик на Не-Хочкинов лимфом, но болеста, за жал, беше посилна.

Почивај во мир, Наце. Вечна ти слава!