Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.Ѓ. од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „напад врз службено лице“. Според пријавата, осомничениот со нож ги нападнал полициските службеници додека извршувале службени задачи.Тие со употреба на сила го лишиле од слобода. По преземените истражни дејствија, случајот е документиран и пријавата е поднесена до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.
„Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавениот со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, информираат од МВР.